Wednesday, December 31, 2014

Среќна нова година

       „Креативни идеи“ ви посакува среќни божиќни и новогодишни празници! Здравје, среќа, љубов и се најубаво во оваа 2015та, секоја желба да ви стане реалност и сите цели да ви се остварат.
Среќен Божиќ и среќна нова година!
-„Креативни идеи“

Sunday, August 17, 2014

Нараквица со морски јазол

    Лето е па решивме да направиме еден моден додаток кој не е тешок за правење, а и не чини многу.
Се што кје ви треба е:
1.Тенка жица;
2.Клешти;
3.Пенкало или друг цилиндричен предмет.
Оваа нараквица е лесна за правење и ќе ви одземе само некулку минути. Прво што треба да направите е да земете парче жица и да ја пресвиткате на половина, а потоа да ја завиткате околу пенкалото. Истото тоа направете го со уште едно парче жица, а потоа спојте ги една со друга, така ќе добиете морнарски јазол. Потоа ставете ја нараквицата околу раката и таа е готова.

Monday, April 28, 2014

Слика направена на послужавник

Имате желба нешто да изработите, но незнаете што...Тогаш ние го имаме идеалното решение!
Се што ќе ви биде потребно е:
-испишано пенкало
-сребрен послушавник (за една употреба, може да се најде во Скопје, цената е околу 30 денари)
-заоблен предмет со кој ќе го истакнете нацртаното
-скица  
-трудољубивост, трпение и фантазија

Ја ставате скицата врз послужавникот и повторувате по линиите. Пак повторувате, а потоа од другата страна на послужавникот ги повторувате деловите со заоблен предмет, кои сакате да бидат истакнати. На крајот можете да го обоите за поголем ефект. Се работи на мека површина.

Monday, April 21, 2014

Творби направени со шајки

Творби направени со шајки...ви треба само:
-дрвена подлога (од помеко дрво)
-чекан
-шајки
-конец
-фантазија, трудољубивост и трпение
Со ова дело може да се направи вашето име, некој предмет, растение, географска карта, животнo...ние избравме да направиме срце.

Прво цртаме скица на лист хартија и ја пренесуваме на дрвената подлога. Потоа ги ковеме шајките со чеканот на линиите, со одалеченост од 1 cm. Кога го направиме тоа со конец во различна боја мотаме околу шајките.

Saturday, April 19, 2014

Украс од зрна кафе

   Можат да се направат доста добри украси и цртежи од кафе! А ние по повод Велигден направивме некои од нив.
За изработкаta ќе ви бидат потребни:
-Силиконски пиштол (моше да се користи и друг вид лепак: дрвофикс, охо лепак)
-Ножици
-Зрна кафе
-Картон за подлога
Прво цртаме  јајце на подлогата од картон и го сечеме, со силиконскиот пиштол нанесуваме лепак и ѓи лепиме зрната. Производот е готов, а со повеќе направени вакви може да се направи и венец за врата.

Friday, April 18, 2014

Велигден

Велигден е христијански празник, тој го претставува воскреснувањето на Исус. Постојат разни обичаи во светот поврзани со Велигден, но ние ќе се задржиме на македонските обичаи. Секоја домаќинка на "Велики Четврток" станува рано и ги бојадисува првите три јајца во црвена боја пред да огрее сонцето:
-првото јајце е за Господ;
-второто за домаќинот;
-и третото за бериќет во куќата!
Но јајцата можат да се бојадисаат и во Сабота-Велика!

Но јајцата можеме и да ги направиме и уникални, за тоа ќе ни бидат потребни:
Сварено јајце
Јајцето може да биде бојадисано но и не мора
Мала четка
Белка од јајце (може и лепак за дрво растворен со вода)
Салфетки со разни шари
Фантазија, трудоњубивост и трпение
1.Ја ставаме салфетката врз јајцето и премачкуваме со белка, го оставаме да се
суши 1-2 часа и имаме готов производ.



Thursday, April 17, 2014

Добредојдовте!

Сакате необични идеи за декорација, или пак забава наменета за сите возрасти? Се прашувате како да ги декорирате јајцата за Велигден...како да ја украсите елката за Божиќ...или пак едноставно сакате нешто со што ќе ја исфрлите лошата енергија и ќе се забавувате? Тогаш ДОБРЕДОЈДОВТЕ во нашиот "СВЕТ"! А нештата кои ќе ви требаат во секоја изработка ќе бидат: Фантазија, Трудољубивост и Трпение!